Денеска со почеток во 11 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи поетско пладне на кое своја поезија ќе читаат руските поети: Лев Алтмарк, Андреј Шербак, Александар Гриценко, Татјана Осипова, Димитри Трипутин, Олга Козлова, Алексеј Филимонов, Светлана Чаурева, Ала Бондарјук и Морзоев, кое се реализира во организација на НУ Центар за култура, книгоиздателството Макавеј и Медитеранска академија Струга.

Модератори на Поетското пладне со гостите поети од Русија ќе бидат Бранко Цветкоски и М-р Разме Кумбароски.

Руските поети со особено задоволство ќе ј апрезентираат својата поезија во Охрид со што ќе се зацврсти меѓусебната културна соработка.“ – нагласуваат од Центарот за култура.

Руските поетите ќе имаат можност да ја проследат и престижната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата.

OhridNews