Зимата на  северната земјина полутопка ќе пристигне денеска точно во 13.04 часот по средноевропско време. Во исто време на јужната полутопка почнува летото.

На денот на почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта е најдолга. Зимата е најкратко годишно време и трае 88 денови, 23 часа и 40 минути.

Според синоптичарите првиот ден од зимата ќе донесе пад на дневните температури, а во северните краеви од земјата можни се и врнежи од знег.

Ohridnews