Со свеченото дефиле денеска во 18 часот од пред хотелот “Палас” ќе започне Меѓународниот фестивал “Разиграно оро”. Учесниците ќе продефилираат по кејот и охридската чаршија, а во 19 часот и 30 минути на сцената на градскиот плоштад ќе ги претстават земјите од каде што доаѓаат.
Годинава на фестивалот ќе настапат играорци од Костарика, Полска, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Македонија.
Се е подготвено за почеток на фестивалот велат организаторите
Организатор е Ансамблот “Македонка” од Охрид со поддршка на Локалната самоуправа и фирмата ” Лоте компани”. Организаторите, денеска на прес-конференција најавија дека се завршени сите подготовки и фестивалот може да започе, а за учесниците е обезбеден и разглед на природните и културните убавини на Охри и околината.
А. Ристоска