Во Брисел денеска ќе заседава Советот на министри за внатрешни работи и за правда на земјите  од ЕУ, кој треба да донесе конечна одлуката за укинување на визите за Македонија, Црна Гора и за Србија. На предлог на Словенија визниот режим за трите земји треба да се укине на 19 декември годинава.

За некоја земја да биде префрлена на „белата“ шенген-листа потребно е да добие поддршка од  две третини од земјите на ЕУ.

Без визи ќе можат да патуваат само граѓаните кои имаат биометриски пасоши, додека на лицата со стари пасоши и натаму ќе им треба шенген виза за влез во земјите од ЕУ. Безвизниот режим се однесува на кус престој, до 90 дена во шест месеци, односно до 180 дена во рок од една година. За подолг престој во ЕУ ќе биде потребна виза од типот „Д“.

Граѓаните на Македонија без виза единствено нема да можат да патуваат во Велика Британија и Ирска.

Ohridnews