На пладне, во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе се одржи лидерска средба на која се поканети претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи, на која ќе се разговара околу можноста за организирање парламентарни избори и евентуален датум за истите.

На средбата се поканети претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, претседателот на Движење Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, како и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.

Минатата недела кај претседателот Пендаровски се одржа лидерска средба од која беше побарано официјално мислење на ДИК, Комисијата за заразни болести и другите надлежни институции и релевантни чинители околу одржувањето на изборите.

OhridNews