Предводниците на четирите најголеми македонски и албански партии од власта и опозицијата, денеска, во клубот на пратеници во Скопје, ќе одржат уште една средба на која би ја утврдиле рамката на преговори за излез од политичката криза, откако првата середба на 14-ти мај не даде конкретни резултати.

СДСМ како што истакна лидерот  Зоран Заев, останува на барањата за формирање преодна влада, со мандат до предвремени парламентарни избори, што е неприфатливо за ВМРО ДПМНЕ и премиерот Груевски.

Лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски утре ќе отпатуваат во Европскиот парламент во Стразбур каде ќе се сретнат со европарламентарците кои посредуваат во надминување на политичката криза во Македонија.

За да се оствари средбата деновиве на лидерот на СДСМ, Зоран Заев му беше вратен пасошот кој му беше одземен поради случајот Пуч.

OhridNews