Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 4.060 тестирања, а регистрирани се 51 нов случај со Ковид-19 во: Скопје – 28, Тетово – 5, Битола и Виница – по 3, Прилеп, Кочани и Кичево – по 2, Куманово, Велес, Гостивар, Кавадарци, Неготино и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се вкупно 16 починати лица од кои седум од Скопје (60г, 67г, 70г, 73г, 77г, 84г и 84г), по две од Куманово (54г и 72г) и Прилеп (73г и 86г) и по едно лице од Битола (75г), Гостивар (49г), Тетово (64г), Македонска Каменица (71г) и Неготино (79г). Од пријавените, пет лица се починати во домашни, а останатите 11 во болнички услови. Починатите лица од домашни услови се од периодот април-мај 2021 година, соопшти Министерството за здравство.
Во Ковид центареот во Општа Болница Охрид се лекуваат 29 лица со Ковид 19, а во моментов во градот има 189 активни случаи.
OhridNews