Вечерва со почеток од 22:30 часот во охридски клуб „Џез-ин“, охриѓани по четврти пат ова лето ќе имаат можност да уживаат со илузијата и магијата на нашиот сограѓанин Филип Петрески.
Инаку, зад овој млад ентузијаст, кој веќе 5 години сериозно се занимава со ова необично „хоби“, а за себе има бројни настапи ширум клубовите во земјава, официјално стои MEGA Production Ohrid
OhridNews