Фудбалерите на Охрид денеска на домашен терен на стадионот „Билјанини извори“, го играат еден од клучните натпревари во борбата за опстанок во Втората лига – Запад против директниот конкурент Кораб од Дебар.
Охрид во моментов е на осмата позиција на табелата 19 бода, а Кораб има бод повеќе на седмото место. Зад нив во зоната на испаќање се Велешта (17) и Кадино (6).
На табелата води Силекс со 53 бода, Воска Спорт која денеска гостува кај фенерџијата Кадино е втора со 48, а Вардар трет со 43.
Натпреварот Охрид – Кораб се игра од 16 часот.
Г.М.