Метеролозите прогнозираат дека времето денеска, во претпладневните часови ќе биде  сончево и многу топло со умерена локална облачност, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните делови од Македонија. Можна е изолирана појава и на невреме. Температурата ќе се движи од 29 до 38 степени.


И за претходните два дена метеролошките прогнози предвидуваа дожд и разаладување во попладневните часови, но облаците упорно го одминуваа Охрид и сонцето печеше до своето заоѓање.

OhridNews
Фото: Васко Бујароски