Ракометната гордост на Македонија со избледен сјај, Ѓорче Петров, во рамки на 4-то коло од Лигата на шампионите денеска во Скопје ја пречекува екипата на актуелниот европски шампион-Звезда.

Годинава ѓорчепетровки за жал играат епизодна улога во Лигата на шампионите. По трите одиграни кола тие имаат исто толку порази. Клубот е  пред финансиски колапс, кој може да значи и дефинитивен крај за некогашното големо име на европскиот ракомет.


Ohridnews