Добитниците на Свети Климентовата награда и повелбата патрон на Охрид за 2007 година ќе бидат објавени денеска, соопшти Комисијата за одбележување празници и манифестации при локалната самоуправа.

До 5-ти октомври кога беше краен рок за пристигнување на предлозите, до Комисијата пристигнале 10 номинации за доделување на највисокото градско признание.

Наградата Св. Климент Охридски-патрон на Охрид се доделува на личности кои во тековната година придонеле во развојот и афирмацијата на градот.Наградите на добитниците ќе им бидат доделени на свечената академнија по повод одбележувањето на патрониот празник што ќе се одржи на 8-ми декември во х. Метропол.

ohridnews