Дали Филески ќе биде пуштен да се брани од слобода, или ќе му биде продолжен притворот ќе се знае денеска.
Во текот на истрагата која сеуште е во тек сослушани се повеќе сведоци, а деновиве се очекува да биде комплетирано и вештачењето на бродот „Илинден“. Од тоа ќе зависи дали обвинението за несреќата во која загинаа 15 бугарски туристи ќе биде проширено евентуално и на други лица.
Непосредно по несреќата во Охрид беше формирано здружение на граѓани „5-ти Септември“ кое покрена иницијатива за утврдување на вистината за потонувањето на бродот „Илинден“ и фер судење за капетанот Филески. За таа цел беше покрената и петиција која резултираше со околу 8000 собрани потписи на граѓани кои му беа предадени на јавното обвинителство.