Во следните два дена ќе се задржи топло време со дневни температури кои во југоисточните подрачја ќе достигнат до 38 степени. Во Охрид температурата на воздухот денеска ќе достигне до 30 степени Целзиусови, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Покрај температурите во пораст ќе биде и ултравиолетовото зрачење, кое денеска ќе достигне индекс 9. Поради тоа лекарите советуваат да се избегнува сонцето во периодот од 10 до 14 часот, да се носи светла облека, очила за сонце и капа.

Во четврток кон крајот на денот се очекува развој на нестабилна облачност со дожд, грмежи и локална појава на невреме. Од петок ќе има опаѓање на температурите и умерен северен ветер.

Ohridnews