Од Авто- мото сојузот на Македонија информираат дека денеска на патниот правец А2 Кичево – Охрид, помеѓу планинскиот премин Пресека и село Врбјани, поради изведување на градежни работи со минирање, ќе има прекин на сообраќајот во периодот од 14 до 15 часот.
Според најавите, прекин на сообраќајот на овој патен правец, кај селото Извор ќе има и утре на 11-ти јули 2015 година во периодот од 16 до 17 часот.
Од АМСМ информираат дека прекините ќе траат од 15 до 20 минути.
OhridNews