Одделенијата за Агенцијата за катастар на недвижности и одделенија на Управата за имотно-правни работи во Охрид денеска и утре ќе ја спроведат акцијата „Заеднички отворени денови со граѓаните“.
На денешната средба со грѓаните во Охрид ќе присуствуваaт директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески и директорот на Управата за имотно-правни работи Зоран Крстаноски.
Акцијата која ќе се реализира во периодот од 9 до 17 часот има за цел да им овозможи на сите граѓани кои имаат прашања и проблеми во врска со катастарот и имотно правните односи да се обратат за помош, но и да поднесат свои предлози и идеи за подобрување на работата на подрачните одделенија.
Акцијата „ Заеднички отворени денови со граѓаните “ денеска и утре ќе се реализира и во подрачни одделенија на Агенцијата за катастар и Управата за имотно-правни работи во Струга.
OhridNews