Само во петокот и саботата во Охрид наврнале 33 литри на метар квадратен дожд. Најмногу дожд викендов наврна во Пожаране – 74 литри на метар квадратен.
Максималната дневна температура во Охрид денеска ќе достигне до 11 степени Целзиусови.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно и без поголеми проблеми по влажни коловози поради врнежи од дожд. Поради тоа на возачите им препорачуваме исклучително внимателно возење и прилагодување на брзината кон моменталните услови на патот.