Со два специјални чартер летови организирани од Владата денеска на Меѓународниот аеродром во Скопје од Виена и Базел, ќе пристигнат 360 македонски државјани, кои со контролиран автобуски превоз ќе бидат однесени во задолжителен државен карантин во траење од две недели. Дел од нив ќе бидат сместени во Струга.
За 180 патници од летот од Виена во 13:55 часот, обезбедуваме транспорт со автобуси со дезинфицирана внатрешност, опремени со закуска и вода, возачи со целосна безбедносна опрема, до хотелите „Дрим“ во Струга и „ЕСМ Славија“ во Попова Шапка, каде граѓаните ќе престојуваат следните 14 дена во задолжителен државен карантин.
Согласно протоколите за државни карантини, 180 наши граѓани кои денеска пристигнуваат со летот од Базел во 20:25 часот, со автобуси ќе се упатат во хотелите „ЕСМ – Попова Шапка“, „Алпина“ во Маврово и „Цар Самуил“ во Банско, каде ќе поминат 14 дена во изолација. – информира Владата.
Владата апелира до граѓаните да ги следат мерките за заштита од коронавирусот Ковид 19 и да останат во своите домови.
OhridNews