„За Охрид фин – зелен и син“ е насловен културно-едукативниот настан кој денес со почеток во 13 часот ќе се одржи во Охрид, на градскиот плоштад, по повод светскиот ден на Планетата Земја. Во рамки на настанот кој има за цел да ја подигне еколошката свест кај граѓаните, пред сè, за заштита и зачувување на водите на Охридското Eзеро, планирано е да се одржи музички хепенинг, фото-работилница и ликовен перформанс на охридскиот плоштад.

Организатори на настанот се Здружението за унапредување на меѓусебна доверба „ТАКТ“, Здружението за заштита на животни „Анималиа“ и Здружението за заштита на животни и животна средина „ЕДЕН“.

Во рамки на програмата свое обраќање ќе имаат професорот Трајче Талевски од Хидробиолошкиот институт од Охрид на тема „Охридското Езеро и неговите обележја во светски рамки“.

Во делот на забавниот дел ќе настапат Игор Џамбазов и Дамјан Пејчиноски, Тони Зен, The Hounds и Леа, Јана Гигова, The Quartet, ФЛЕКА – Acoustic Act, стендап артистот Никола Тодороски и Енис Хилми кој ќе чита избрана поезија. Модератори на настанот ќе бидат Лејла Гогова и Жанко Голабоски.

Исто така во рамки на ативностите за одбележување на светскиот ден на Планетата Земја биде прикажан краток анимиран филм, ќе се организира Фото-работилница предводена од Румен Ќамилов „Порака во шише“, а ќе се одржи и Ликовен перформанс со Симонида Филипова Китановска, Илина Арсова, Марија Боздогановска. Како дел од настанот ќе има и работилница за рециклирачка уметност (Ре – ЦиГла – жа) со Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ, Славица Шекеровска – лотосов цвет и риба на суво, а активистите на „Анималиа“ и „ЕДЕН“ ќе постават штанд за подигнување на свеста за животните и животната средина.

OhridNews