Првата недела по Велигден се вика Томина недела и е посветена на светиот апостол Тома, во западното христијанство позната како Бела Недела или Мал Велигден.

Кога Исус им се јавил на апостолите Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот Тома не верувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“. (Јован, 20/25) Поради тоа апостолот Тома е наречен Неверен Тома.

По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Исус пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!“ Одговори Тома и му рече: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“. (Јован, 20/27-29).

OhridNews