Свети Сампсон по потекло беше римјанин, а по занимање лекар, од оние што црквата ги нарекува бесребреници, т.е. што лекуваат без земна плата и со Божјата сила, освен со помош на лекарската вештина.
Тој подоцна од Рим се пресели во Цариград. А таму неговите добродетели набргу ги забележа патријархот, па го ракоположи за свештеник. Кога императорот Јустинијан боледуваше од некој неизлечива болест, беше повикан светиот Сампсон, кој го излечи со допир со раката. Како благодарност Јустинијан подигна сиропиталиште во кое Сампсон постојано им служеше на бедните. Овој свет маж се упокои во мир во 530 година.