Свети пророк Самуил живееше околу 1100 години пред Христа. Беше родум од местото Рамат, или Ариметеја, и беше дете измолено од Бога од мајка му Ана, која долго време немаше пород. На три години таа го посвети Самуила на Бога и тој живееше и растеше со телото и духот во Силоам, крај ковчегот на заветот.
Тој е последниот од редот на судиите во Израилот. Тој го помаза и првиот цар на Израилот Саул, а после Самуловото отпаѓање и прекрасниот и славен Давид. Беше омилен меѓу Израилот и многумина искрено ја исплакаа неговата смрт.
OhridNews