Овој Стефан беше евреин, соработник на апостолите. Еден е од седумте ѓакони на ерусалимската црква. Со него почнува подвигот на мачениците, па во таа смисла и е наречен првомаченик. Пострада од евреите во Синедрионот, откако во долга беседа им докажуваше дека оној Исус кого тие го убија беше навистина Помазаникот што го очекуваат, т.е. Христос. Расказот за него може да се прочита во новозаветната книга Дела апостолски. Во 415 година, неговите мошти се пронајдени на чудесен начин и сместени во Сионскиот храм во Ерусалим.
По повод празникот Св. Стефан, кој се слави на трет ден Божиќ, во манастирот посветен на овој светец во истоимената населба покрај Охридското Езеро синоќа се служеше вечерна богослужба, а денес утрена.
Како што информираа од Дебарско-кичевската епархија, Архиерејска литургија денес се служи во храмот Св.вмч. Георги во Струга.
OhridNews