Свети апостол Јуда го викале уште и Тадеј и Левиј. Еден е од дванаесетте апостоли. Бил син на Јосиф, свршеникот на пресветата Дева, па затоа се нарекува Господов брат.

Преданието вели дека пред да биде повикан на апостолска служба се занимавал со земјоделие. По слегувањето на Светиот Дух врз апостолите проповедал во Азија, а подоцна во Персија и Ерменија, каде бил распнат на крст и прободен со стрела. Пострадал околу 80 година по Христа. Од него е останато едно послание, што влегло во составот на новозаветниот канон.

OhridNews