Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 јануари и се празнува Св. апостол Тимотеј.

Тимотеј бил роден во град Листра, Мала Азија. Таму овој дијамант го нашол апостол Павле, на своето прво патување. Подоцна Тимотеј ќе му стане постојан сопатник на апостолот и негова тврда поткрепа. Свети Тимотеј е првиот ефески епископ. Во Ефес го заврши и својот живот пострада маченички за Христа во 97 година. Во четвртиот век моштите му беа пренесени во Цариград и положени во црквата Свети Апостоли. Во средните векови крстоносците ги однесоа во Италија. За него се зборува во Делата апостолски, а во новозаветниот канон има и две посланија од апостол Павле упатени до Тимотеј.

OhridNews

 

 

OhridNews