Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 октомври и се слави споменот на Св. апостол Филип.

Свети апостол Филип потекнува од Кесарија Палестинска. Бил женет и имал четири ќерки. Кога светите апостоли ги бирале ѓаконите во ерусалимската Црква, што требаше да се грижи за бедните и болните и да ги организира вечерите на љубовта т.е. агапите, меѓу нив бел избран и Филип.

Кога почнало гонењето на христијаните во Ерусалим, тој се повлекол во Самарија и таму го проповедал Евангелието, со многу чуда, изгонување на демони и исцелување на болни.

Го завршил овој живот мирно и во длабока старост се пресели во радоста на својот Господ, пишува Светата книга.

OhridNews