Светата Македонска Православна Црква во првата недела од месец октомври, го празнува споменот на сите македонски светители, кои со своите богоугодни дела имаат големо значење на само за македонскиот народ, туку и за целиот Христијански свет.

Во минатото на територијата на Македонија се раѓале и дејствувале голем број светители, и тоа од самите почетоци, кога светиот апостол Павле со Сила, Тимотеј и Лука го ширеа христовото учење. Меѓу нив се и сесловенските браќа Св. Кирил и Св. Методиј, Светите Климент и Наум, Гаврил Лесновски, Јоаким Осоговски и други.

Македонска Православна Црква денеска го одбележува и споменот посветен на зачнувањето на Св. Јован Крстител.

OhridNews