На втор ден Божик, според Јулијалнскиот календар, се одбележува уште еден голем празник – Собор на Пресвета Богородица.
Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес се слави Пресветата Богородица.
По тој повод, во црквата „Св. Богородица – Челница“ со почеток во 8.45 часот, ќе се оддржи света архиерејска василиева литургија. Литургија ќе има и во сите охридски цркви, со почеток во 8.30 часот.