На втор ден Божик, според Јулијалнскиот календар, се одбележува уште еден голем празник – Собор на Пресвета Богородица. Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес се слави Пресвета­та Богородица.

Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да Ја прослават Нејзе, Која е Богородица. Тогаш се служи торжествено, соборно, во Нејзина чест. Во Охрид од древноста беше устроено спроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно Ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.

По повод празникот Собор на Пресвета Богородица-втор ден Божиќ, утрински богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.

OhridNews