На втор ден Божик, според Јулијалнскиот календар, се одбележува уште еден голем празник – Собор на Пресвета Богородица.

Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес се слави Пресвета­та Богородица.

Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да jа прослават Богородица. Тогаш во храмовите се служи торжествено, соборно, во нејзина чест.

OhridNews