Верниците од исламската вероисповед денеска го слават верскиот празник Рамазан Бајрам, со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на едномесечниот пост.

Рамазанските пости претставуваат една од основните обврски на муслиманските верници. Прославата за рамазанскиот – Бајрам трае три дена. На првиот ден се извршува утринска молитва – Бајрам Намаз, а во состав на прославата се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите.

Исламското учење вели дека во тој месец е објавена светата книга Куран.
 
Денес треба да ги посетиме родителите, браќата и пријателите, треба да го израдуваме сиромашниот сосед, од болниот да побараме простување, треба да докажеме пред Алах и пред луѓето дека сме многу поголеми од инаетот и љубомората, како и од убиствената моќ на оружјето што се намножи кај нас без никаква контрола, пишува Реисул Улема Сулејман ефенди Реџепи во честитката по повод Фитр Бајрам.

Премиерот Никола Груевски по повод Рамазан Бајрам упати честитка до претседателот на Исламската заедница во Македонија Реис Ул Улема Сулејман Ефенди Реџепи, во која на сите верници од исламска вероисповед во Македонија, во име на Владата, им го честита големиот празник и им посакува добро здравје и пријатни празнични денови.

ohridnews