Преподобен Захариј бил син на некој египќанец Карион. Кога овој отишол во манастир го земал со себе и својот син, бидејќи мајка му не можела да го издржува.

Захариј не живеел долго, но за време на својот краток живот се здобил со големи благодатни дарови. Еднаш, кога го запрашале: Што значи да се биде монах, тој ја фрлил својата камилавка и ја изгазил, па рекол: Ако човек не се смири со срцето до таа мера, не може да биде монах.

 

OhridNews