Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 август и се слави споменот на Преподобен Максим Исповедник.

Во свое време свети Максим беше речиси единствениот столб на православието, кој бескомпромисно ја бранеше чистотата на верата од итрата ерес на монотелитите. Од таа причина беше прогонет во Скитија, во тврдината Схимарис, каде што се упокои на денешен ден во 662 година. Преподобен Максим се слави на 21 јануари (стар календар), а денес се празнува пренесувањето на неговите мошти од Скитија во Цариград. Не се сочувале сведоштва за времето кога се пренесени неговите мошти.

OhridNews