Свети Никифор бил цариградски патријарх во времето на императорот-иконоборец Лав Ерменецот. Заради неговото право исповедање на верата во поглед на почитувањето на иконите тој бил свргнат од императорот и заточен на островот Проконис, каде и се упокоил во 828 година.
По 12 години, кога повампиреното иконоборство било конечно победено, новиот цариградски патријарх Методиј ја убедил императорката Теодора да ги пренесе моштите на свети Никифор во Цариград и да ги постави во црквата Св. Апостоли.
OhridNews