Овој празник е во врска со почитувањето на Пресвета Богородица како заштитничка и покровителка на сите христијани.
Настанот што го празнуваме се случил на денешен ден во 911 година за време на цар Лав Мудри (Филозоф). Тогаш за време на ноќното бдеење во црквата посветена на Богородица во Цариград, кога била преполна со народ, во четвртиот час по полноќ се појавила Богородица со покрив во рацете. Блеснала во сјај придружена од апостоли, светци, маченици и девици. Со покривот го покрила целиот народ, за по нејзиното исчезнување да исчезне и покровот оставајќи им благосостојба на тие што тука се нашле во тој момент.
Празникот Покров на Пресвета Богородица е востановен во спомен на овој настан но и да потсетува на постојаното покровителство на Пресвета Богородица и помошта што таа им ја дава на сите што и се молат искрено.
Јасминка Т. Момироска