Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан. Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања.
Обрезанието инаку е праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква. Овој празник се празнувал уште во првите векови на христијанството.
Денес се слави и свети Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден. Тој бил најславниот владика во градот Кесарија Кападокиска. Роден е во Неокесарија во 330 година од побожни родители. Во 345 година заминал на школување во Кесарија Кападокиска, во 352 година во Атина.
По завршувањето на школувањето на околу 30 годишна возраст се вратил во родното место станал учител, подоцна примил свештенички чин и станал проповедник во црквата. Бил многу популарен меѓу народот и лесно ги придобивал луѓето за христијанската вера поради што бил наречен втор Павле. Умрел на 14 јануари 378 година.
OhridNews