Денешниот ден се одбележува како Меѓународен ден против насилството врз жената. Востановен е во 1999 година  со усвојување на посебна Резолуцуја  од страна на Генералното Собрание на Обединетите нации.

Глобалната кампања што ја спроведува Организацијата на Обединетите нации се одвива под мотото „ Кажи  НЕ  на насилството врз жените“ а нејзината цел е да се соберат еден милион потписи кои амбасадорката на добрата волја, актерката Никол Кидман, ќе му ги предаде на генералниот секретар на ООН, Бан Ки-мун.

„ Ова е една универзална вистина, прифатлива за сите држави, култури и нации, насилството врз жената е неприфатливо, неизвинливо и нетолерантно“ гласи пораката од Бан Ки-мун.

На локално ниво, Женскиот центар „Бисера“ секоја година ги одбележува 16-те дена активизам против насилството врз жената. Годинава во рамките на одбележувањето ќе се одржи јавна дебата посветена на откривањето, превенцијата и заштитата од насилството.

Загрижувачки е фактот дека многу жени и девојчиња и денес не ги уживаат нивните човекови права и фундаментални основи и се наоѓаат во канџите на машката доминација. Светот денеска потсетува дека нивните човекови права се неотуѓив, интегрален и неразделив дел од Универзалните човекови права.

Во македонија, секоја втора жена е жртва на семејно насилство.

Ohridnews