На градските гробишта во Охрид, денеска ќе биде погребан Градоначалникот на Општина Охрид Јован Стојаноски, кој ненадејно почина на 15 декември на 48 годишна возраст.

Посмртните останки на проф. д-р Јован Стојаноски ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Охрид од 12 до 14 часот.

На погребот, според најавите, ќе присуствуваат бројни делегации, претставници на државниот врв, политички партии, збратимени градови…

Во Охрид денеска е Ден на жалост.

OhridNews