По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица, денеска, 28 август, Општина Охрид организира бесплатен превоз до с. Скребатно каде традиционално во верскиот храм посветен на Пречиста масовно се одбележува празникот.
Тргнувањето е во 08:30ч. од автобуската постојка пред пекарата „Мартина“ на булевар „Туристичка“ и од сред село во Лескоец. Враќањето за назад е во 16:30 ч. Превозот ќе го врши компанијата „Бале турс“, соопшти Општина Охрид.
OhridNews