Охридските љубителите на филмската уметност денеска во Центарoт за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе имаат можност да погледнат три кино проекции во 3Д технологија. Филмовите ќе се прикажуваат во рамки на проектот „Мобилно 3Д кино“ кој го реализира дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје.
Со почеток во 17 часот ќе се прикажува 3Д анимираната комедија „Дома“, а во 19 часот ќе се прикажува 3Д проекцијата на филмот „Лудиот Макс“. Со почеток во 21:15 часот ќе биде прикажана 3Д проекцијата на филмот „Одмаздници 2- Ерата на Ултрон“. Влезницата за кино проекциите чини 200 денари.
За оваа цел МЦФ МКД обезбеди професионални подвижни Barco 2К дигитални проектори со сервери и Depth Q 3Д модулатори со 3Д очила, како и Dolby CP 750 аудио процесор со ЈБЛ звучници.
Пред околу десет дена охриѓани имаа можност да ги погледнат 2Д и 3Д проекциите на филмовите „Зошто не го изедов татко ми“, „Најдобриот егзотичен хотел Мариголд“ и „Одмаздници 2- Ерата на Ултрон“.
OhridNews