На градските гробишта во Охрид денеска ќе биде погребан Никола Матлиески Пашата, поранешниот градоначалник на Охрид. Тој почина во саботата на 89 годишна возраст.

Никола Матлиески Пашата го водеше Охрид во еден мандат од 1996 до 2000 година. Тој беше и успешен стопанственик издигнувајќи го некогашен ЕМО – Охрид во гигант на просторите на поранешна Југославија и светот.

Посмртните останки на Никола Матлиески Пашата ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Охрид од 12 до 12:30 часот.

OhridNews