Затемнувањето ќе трае околу три и пол часа, од што 72 минути ќе биде целосен мрак. На Балканот затемнувањето се очекува околу 7.30 часот. За време на затемнувањето месечината ќе поприми црвена нијанса.
Затемнувањето најдобро ќе го видат жителите на Северна Америка.
Последен пат целосно затемнување на полна месечина на првиот ден од зимата имаше во 1999 година, а следното ќе се случи во 2094 година.