По две одложување на термините за одржување на Охрид трчаТ Детска трка поради неповолните временски услови, организаторите најавуваат дека истата ќе се одржи денес со почеток во 11 часот на градски стадион “Билјанини Извори”.

Традиционално АК Охрид трчаТ организира детска трка за најмалите, првачињата, по повод Светскиот ден на физичката активност. Сите првачиња на територија на Општина Охрид и Општина Дебрца ќе имаат можност да се дел од Охрид трчаТ Детска трка 2024.

Станува збор за неформална трка каде сите учесници (првачиња) ќе истрачаат 100 метри поделени во групи. Оваа трка нема победници на оваа трка сите се победници како што и требиТ кога станува збор за дечиња од 6 години. Учеството на трката е секако бесплатно и за сите учесници АК Охрид трчаТ обезбедува маица, медал (финишер), вода и секако подароци од партнерите на детската трка, велат организаторите.

Додаваат дека оваа година покрај традиционалните поддржувачи на Охрид трчаТ Детска трка, Општина Охрид и сите основни училишта на територија на Охрид, настанот го поддржаа и КОСТАЛ, Стопанска Банка АД Скопје, Леарница, РОСА, Битолско Млеко 10 витамини, Жито Леб Охрид, Кин шифт Академија и Кармен Бауцентар.

Ни претставува особено задоволство што сите заедно ќе организираме преубав спортско-детски настан на кој ќе го промовираме спортот, дружењето, здравата животна средина, здравиот начин на живот и секако градењето на повисока свест за спортување. Оваа година Охрид трчаТ Детска трка нашите најмали учесници ги запознава и со нашето историско и културно богатство во Охрид, односно со „Куќата на Робевци“ која датира од 1825 година, потенцираат.

OhridNews