Денес на прес конференција ќе биде претставена програмата на годинешното 64-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

Во пресрет на годинашната 64. Меѓународна музичко-сценска манифестација „Охридско лето“, претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова ги прими директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ и селекторките на музичката и драмската програма на фестивалот Бисера Чадловска и Сања Арсовска.

Како што информира Кабинетот на Сиљановска-Давкова, претставниците на националната установа ја запознале претседателката со тековните подготовки и годинашната програма на фестивалот, кој од основањето во 1961 година се одржува во периодот од 12 јули до 20 август во Охрид.

Осврнувајќи се на деценискиот придонес во негувањето на уметноста како универзална вредност, претседателката Сиљановска-Давкова изрази задоволство што во духот на воспоставената традиција, ќе биде покровител на фестивалот „Охридско лето“. Во таа насока, посака успешна реализација на годинашното издание и ја нагласи својата поддршка во промовирањето на фестивалот и на македонската култура во светот, се наведува во соопштението.

 

OhridNews