Како дел од второто издание на големата промотивно спортска манифестација Ohrid Water Festival како пропратен дел на спортските настани, предвидена е и богата социјално-едукативна програма која вклучува низа интересни и забавни содржини кои ќе го привлечат вниманието на публиката.

Социјално-едукативната програма на фестивалот стартува денес со фото изложба „Нуркачки локации во Охридското Езеро“ на Клубот за подводни дејности, Промоција на водени спортови и коцерт на Емилија Колоска и BALTER.

На 28-ми август од страна на Здружението на риболовци „Свети Апостол Петар“ ќе биде организирана изложба „Видови риби во Охридското Езеро“, а за музичкиот дел од програмата ќе бидат задолжени DJ Chvare & DJ Goce Saf.

На 29-ти август ќе биде организиранa изложба „Подводниот свет на Охридското Езеро“ од страна на нуркачкиот клуб „Амфора“. Во рамки на музичкиот дел е предвиден концерт на учесници од детскиот фестивал „Златно Славејче“, а присутните ќе може да уживаат и во концертот DISNEY подготвен од учениците од ОМУ „Методи Патче“. Истата вечер ќе се одржи и пригодна свеченост за промоција на пливачите учесници на „Охридскиот пливачки маратон 2024 година“.

На 30-ти август ќе биде поставена изложба „Нешто сино“ од Нуркачкиот центар „Акватек“. Во организација на SLOW FOOD Охрид ќе биде организирана Промоција на охридска и македонска традиционална храна. Во рамки на музичкиот дел од програмата ќе настапат Наум Петрески, Милован Секулоски и група „Сарај“.

На 31-ви август, на денот кога е предвидено одржувањето на „Охридскиот пливачки маратон“ предвидена е изложба „Победниците на охридски пливачки маратон“, додека за забавниот дел од програма ќе биде задолжена групата „Суперхикс“ која ќе одржи концерт во 21 часот.

Сите настани од социјално-едукативниот дел на Ohrid Water Festival ќе се одвиваат пред платото на хотелот „Палас“.

OhridNews