Денеска во црквата „Св. Георгиј“ во Струга со почеток во 16 часот ќе се одржи вечерна богослужба, по што во 17:30 часот ќе започне традиционалната Еордија – литија со светите мошти од Свети Георгииј и неговата чудотворна икона.
Станува збор за древна струшка духовна традиција, која пред пет години беше обновена и збогатена со присуството на моштите на Св. Георгиј Победоносец од истоимениот манастир во Рајчица.
OhridNews