Во НУ библиотека „Григор Прличев“ денеска  се одржа книжевно пладне со писателот Санде Стојчевски.

За литературниот опус на писталет  зборуваа Славе Ѓорго Димоски и Бранко Цветкоски.

Културната понуда продолува со изложбата на академската сликарка Натали Николовска, што во  организација на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, ќе се одржи вечерва во 20 ч. во  галеријата Робевци.

Во 21 часот во галеријата на Центарот за култура ќе биде отворена изложба на Сергеј Цингулоски на која тој ќе се претстави со резби и парчиња од стилизиран мебел и стилски додатоци.