Македонскиот премиер Никола Груевски денес претпладне,  во Брисел, ќе се сретне со својот грчки колега Јоргос Папандреу.

Средбата, како што пренесува МИА, е договорена на заедничка иницијатива  од двете страни и е во духот на веќе воспоставената пракса на билатерални контакти на премиерско ниво.

Ова ќе биде петта тет-а-тет средба Груевски-Папандреу. Претходните четири беа оценети како корисни за зголемувањето на довербата и разбирањето меѓу двете страни, но не донесоа напредок во решавањето на билатералниот спор за името.

OhridNews