Првиот филм кој денес ќе се прикажува е “ Слобода” ( 2010) во режија на Тони Гатлиф. Главните улоги ги толкуваат Марк Лавоан, Мари Жозе- Кроз, Џејмс Тиере, Иљир Селимоски. Почетокот на проекцијата е во 17 часот и 30 минути.
 
“ Службен пат” ( 2008) е насловот на краткометражниот филм кој ќе биде прикажан во 20 часот и 30 минути.  Режисер на филмот е Шин Елис. Главните улоги ги толкуваат Гијом Кане и Мелани Лоран.

Во 21 часот следува проекцијата на филмот “ Вечерен фустан” ( 2010) во режија на Мирјам Азиза. Во главните улоги настапуваат: Софи Мунико, Лео Легран, Бернар Бланкан, Алба- Гаја Крагеде- Белуџи, Бертелеми Гијмар. 

Ohridnews