Фестивалот ќе го отвори филмот „Клуб бус паладиум“ во режија на Кристофер Томсон. На премиерата на овој филм, најавено е присуството на главните актери Артур Дупон и Франсоа Сивил. Освен француските актери, на отворањето на фестивалот ќе присуствуваат и српскиот актер Мики Манојловиќ и потпретседателот на регионот Долна Нормандија, Ален Туре.
Наградата „Златна маска“ за животно дело годинава ќе му биде врачена на режисерот Паскал Тома. Тој ќе присуствува на последните два дена од фестивалот, кога ќе бидат прикажани два негови филма. Станува збор за филмот „Врапчето ми кажа“, со кој ќе биде затворен фестивалот и „Големата љубовна приказна“, кој не е во конкуренција за награда. Надвор од официјалната селекција ќе биде прикажан уште еден филм, а ќе има и ретроспектива на кратки филмови.
Фестивалот на францускиот филм се одржува со поддршка од Амбасадата на Франција, Универзитетот ЕСРА, градот Охрид и Министерство за култура на Република Македонија.